Стабилно, сончево и значително топло време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец ја зафаќа земјава. Денешните метеоролошки услови најавуваат благ пораст на температурите, при што минималните утрински вредности се движат меѓу 10 и 22 степени, додека максималните дневни ширум државата ќе достигнуваат високи вредности од 32 до 39 степени.
Слични временски услови очекуваат и жителите на главниот град, каде што времето е сончево со слаб ветер од променлив правец, а температурата се очекува да се искачи до 36 степени.
Покрај стандардните летни температури, метеоролозите најавуваат значително засилување на топлотниот бран во следните денови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издадоа прецизна најава за претстојниот период:
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.
Поради најавениот бран со екстремно високи температурни вредности кои ќе ја надминат прагот од 40 степени, надлежните служби апелираат на максимална претпазливост, особено за време на најтоплиот дел од денот. Граѓаните се советуваат да избегнуваат директно изложување на сонце и да носат соодветна заштита.

