Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грција во пламен: Пожари беснеат од Крит до Лезбос, има мртви, се врши евакуација

    Грција во пламен: Пожари беснеат од Крит до Лезбос, има мртви, се врши евакуација

    29.07.2026 во 21:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Големи шумски пожари зафатија повеќе региони низ Грција, а најкритична е состојбата на островот Крит, каде што живот загубија двајца пожарникари за време на интервенција. Уште еден нивен колега почина од здравствени проблеми додека учествуваше во гаснењето на пожарот на Пелопонез.

    Грчките служби информираат дека во моментот се активни три големи огнени фронтови: во областа Ретимно и Ситија на Крит, како и кај Пломари на островот Лезбос, додека пожарот во близина на Гитија во Лаконија е ставен под контрола.

    Најдраматична е ситуацијата во Ретимно, каде што огнот брзо се прошири на линија од 15 километри, пеплосувајќи шуми и земјоделски површини и загрозувајќи повеќе населени места. Двајца пожарникари на возраст од 25 и 58 години беа пронајдени мртви откако нивното возило било заробено во пламенот во близина на селото Крија Врисис. Според првичните сознанија, тие ја изгубиле ориентацијата поради густиот чад. Во истата акција се повредени и двајца пожарникари-волонтери.

    Поради неповолните временски услови и силните ветрови, евакуирани се повеќе населби. Над 700 луѓе од областа Агија Галини со автобуси се префрлени на сигурно, а Бреговската стража и приватни plovila од плажите спасија најмалку 29 лица. Во регионот е активирана и посебна платформа за привремено сместување на луѓето кои останаа без своите домови.

    Трагичен епилог имаше и пожарот во Агеранос кај Гитија, каде 50-годишен пожарникар почина од здравствени тегоби за време на акцијата. Сочувство до семејствата изразија министерот за цивилна заштита Евангелос Турнас и премиерот Киријакос Мицотакис.

    „Нашите мисли се со нив, како и со сите пожарникари, волонтери и членови на безбедносните сили кои се борат на фронтовите на пожарот во новата сурова реалност со која се соочуваат секоја година“, рече Мицотакис.

    Сериозна е состојбата и во Ситија во источен Крит, каде што изгореа две противпожарни возила, а двајца пожарникари се хоспитализирани со изгореници. Силните ветрови кои достигнуваат и седум бофори го оневозможуваат целосната поддршка од воздухот. На Лезбос, пак, наредена е итна евакуација на градот Агиос Исидорос, а при гаснењето еден пожарникар задобил фрактура на ногата.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.