Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откриена нова бактерија во водата во Гостивар, Мицкоски го повика Овинителството да ги испита пријавите од 2021 година

    Откриена нова бактерија во водата во Гостивар, Мицкоски го повика Овинителството да ги испита пријавите од 2021 година

    29.07.2026 во 16:182 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водата во Гостивар засега останува наменета исклучиво за техничка употреба бидејќи во водоводната мрежа е детектирана резидуална бактерија, која се појавила по процесот на чистење и хиперхлорирање на системот.

    Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево, појаснувајќи дека фекалните колиформни бактерии повеќе ги нема, но потребно е време да се надмине новиот проблем за водата да биде повторно безбедна за пиење и подготовка на храна.

    „И уште некое време таа вода така ќе остане. Сега веќе во инсталацијата ги нема оние фекални колиморфни бактерии, но се појави една нова резидуална бактерија која е присутна во инсталациите поради тоа што долго време не биле користени, а сега со прочистување и со хиперхлорирањето се појавува. Очекувам и овој предизвик да биде надминат, по што водата ќе може да се користи за пиење и готвење“, изјави Мицкоски.

    Покрај состојбата со водоснабдувањето, премиерот упати јавен повик до Обвинителството да започне постапка за проверка на околу 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар регистрирани во 2021 година, за време на мандатот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

    Тој побара уште денеска да се извршат проверки во Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се утврди дали надлежните тогаш постапувале соодветно.

    „Го повикувам Обвинителството да ги провери овие наводи и да отпочне постапка зошто, кога имале можност, не преземале ништо за да го заштитат здравјето на граѓаните. Очекувам уште денеска да влезат во Институтот за јавно здравје и во Агенцијата за храна и ветеринарство и да ги испитаат сите овие информации“, рече премиерот.

    На изјавата на Мицкоски реагираа од СДСМ, од каде што оценија дека премиерот врши притисок врз Обвинителството и упатија критики дека со ваквите настапи се злоупотребуваат случаи од минатото за изнесување неосновани обвинувања.

    Прочитај повеќе

    Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи

    17.09.2026 во 23:34

    Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

    17.09.2026 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.