Close Menu
Press24
    Најново

    Советот распиша оглас: Почна битката за наследник на Абази

    29.07.2026 во 15:53

    Им „здиплил“ 35.000 евра: Скопјанец продавал лажни криптовалути

    29.07.2026 во 14:45

    Мицевски: Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа

    29.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Советот распиша оглас: Почна битката за наследник на Абази
    • Им „здиплил“ 35.000 евра: Скопјанец продавал лажни криптовалути
    • Мицевски: Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа
    • Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака
    • Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
    • Драма во Охридско Езеро: Полицијата спаси две момчиња кои ги однел ветрот додека пловеле со даски
    • Епидемијата се смирува, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува
    • Царинската управа со грант од ЕУ од 2 милиони евра започнува дигитализација и паметна автоматизација на граничните терминали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Советот распиша оглас: Почна битката за наследник на Абази

    Советот распиша оглас: Почна битката за наследник на Абази

    29.07.2026 во 15:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изборот на нов прв човек на Општиот јавен обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) влегува во официјална завршница. Сите јавни обвинители низ државата за точно еден месец ќе треба да го дадат својот глас за наследникот на актуелниот шеф Ислам Абази, чиј четиригодишен мандат истекува на 8 ноември годинава.

    Поради законската обврска огласот да биде објавен најмалку 90 дена пред истекот на функцијата, Советот на јавни обвинители веќе ја започна постапката.

    На последната одржана седница е донесена одлука за распишување на огласот, кој официјално ќе биде активен од 10 август, по неговата објава во „Службен весник“. Од тој момент, сите заинтересирани обвинители кои ги исполнуваат законските критериуми ќе имаат рок од 15 дена да ги поднесат своите кандидатури.

    Гласање на сите обвинители според Законот за јавно обвинителство

    Ова ќе биде вторпат во историјата обвинителите непосредно и преку гласање сами да си го избираат раководителот на ова клучно обвинителство.

    Законските рамки и процедурата за спроведување на изборот се јасно дефинирани:

    „Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција се избира од Советот на јавни обвинители, по спроведено гласање на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. Советот на јавни обвинители го именува за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција кандидатот што освоил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати што ги исполнуваат условите во согласност со овој закон“, пишува во членот 66 од Законот.

    Мандат од четири години и формирање на Комисија за гласање

    Новиот шеф на ОЈО ГОКК ќе добие четиригодишен мандат со право на повторен реизбор, а постапката бара целосна транспарентност и посебна комисија за спроведување на изборниот процес.

    Во законските одредби понатаму се прецизираат чекорите по завршувањето на огласот:

    „– За избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Советот на јавни обвинители распишува оглас што се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку две јавни гласила од кои едно е на службен јазик различен од македонскиот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија. По завршување на огласот, Советот на јавни обвинители изготвува листа од пријавените кандидати што ги исполнуваат условите предвидени со овој закон. Советот на јавни обвинители формира Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – предвидува Законот.“

    Прочитај повеќе

    Им „здиплил“ 35.000 евра: Скопјанец продавал лажни криптовалути

    29.07.2026 во 14:45

    Мицевски: Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа

    29.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.