Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака

    29.07.2026 во 14:14

    Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

    29.07.2026 во 14:10

    Драма во Охридско Езеро: Полицијата спаси две момчиња кои ги однел ветрот додека пловеле со даски

    29.07.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака
    • Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
    • Драма во Охридско Езеро: Полицијата спаси две момчиња кои ги однел ветрот додека пловеле со даски
    • Епидемијата се смирува, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува
    • Царинската управа со грант од ЕУ од 2 милиони евра започнува дигитализација и паметна автоматизација на граничните терминали
    • 74 милиони евра за целосна трансформација: Владата и Светска банка најавија модернизација на Клиничката болница во Тетово
    • Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
    • Студентка платила мито за да се стекне со лиценца за стоматолог: Пробиена корупциска шема на Стоматолошки факултет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака

    Мицкоски: Ќе направиме се за реформите, а на ЕК е да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ на база на испорака

    29.07.2026 во 14:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Целосна посветеност на домашните задачи и навремена реализација на Реформската агенда побарана од Брисел беа во фокусот на утринскиот работен состанок меѓу владиниот тим и претставниците на Европската комисија, предводени од директорот за проширување Герт Јан Копман. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата прави сè што е во нејзина моќ за да испорача конкретни резултати, додека оценката за напредокот и европската иднина останува на институциите во Брисел.

    Според изјавите на претседателот на Владата, европските дипломати за време на разговорите потврдиле дека македонските институции се издвојуваат во целиот регион според динамиката на подготовка за роковите што истекуваат до крајот на годината.

    „Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а останува на Европската комисија да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи велат оти тоа е процес што се темели на заслуга – колку испорачуваш, толку добиваш.“

    Во однос на конкретните временски рамки и обврските што треба да се заокружат до крајот на 2026 година, од Владата посочуваат дека темпото на испорака останува приоритет во сите ресори.

    За атмосферата и пораките пренесени од Европската комисија, премиерот го истакна следново:

    „Имавме утрински состанок со луѓето од Брисел од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс период за декември и оние коишто се во нормален колосек до декември коишто истекуваат 2026. Ние сме единствена земја за волја на вистината од регионот којашто работи за реформите до декември, барем така тие го кажаа. Ние остануваме посветени на таа испорака. Со други зборови, ќе направиме се што зависи од нас. Нема да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правеше претходната влада, а ништо да не испорачаат дома. Значи ние се ќе направиме што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи секогаш мене ми велат и таму кога одам на состаноци тоа го слушам дека ова е процес што се темели на заслуга, односно колку испорачуваш, толку добиваш. Еве ние ќе се обидеме да го заслужиме тоа преку испораката во реформите, понатаму ќе оставиме на нив – изјави Мицкоски.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

    29.07.2026 во 14:10

    Драма во Охридско Езеро: Полицијата спаси две момчиња кои ги однел ветрот додека пловеле со даски

    29.07.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.