Close Menu
Press24
    Најново

    Студентка платила мито за да се стекне со лиценца за стоматолог: Пробиена корупциска шема на Стоматолошки факултет

    29.07.2026 во 11:59

    Организирале борби со кучиња: Полицијата приведе двајца гостиварци

    29.07.2026 во 11:50

    Антикорупциската комисија: Закони донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони се ризик од корупција

    29.07.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентка платила мито за да се стекне со лиценца за стоматолог: Пробиена корупциска шема на Стоматолошки факултет
    • Организирале борби со кучиња: Полицијата приведе двајца гостиварци
    • Антикорупциската комисија: Закони донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони се ризик од корупција
    • Мицкоски: Реформската агенда и евроинтеграциите во фокус, Копман со порака за ефикасна реализација на приоритетите
    • Др. Даниловски за западнонилската треска: Регистрираните тешки случаи се само врв на сантата мраз, вирусот не е поагресивен
    • Гужви на границите: Најкритично на „Богородица“
    • Земјотрес ја погоди Струга
    • Во Europe House бизнисот ќе може да ги разгледа европските програми за АИ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студентка платила мито за да се стекне со лиценца за стоматолог: Пробиена корупциска шема на Стоматолошки факултет

    Студентка платила мито за да се стекне со лиценца за стоматолог: Пробиена корупциска шема на Стоматолошки факултет

    29.07.2026 во 11:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пари префрлани преку банкарска сметка по претходни договори на Вибер овозможиле студентка по стоматологија без потребното знаење да се стекне со Уверение за положен стручен испит за здравствени работници.

    Корупциската шема во високото образование и здравството била разоткриена кога истражителите влегоа во домовите на инволвираните, при што беше запленена огромна сума пари во различни валути – дури 65.280 евра, 29.840 франци и 161.500 денари.

    Однесувањето на студентката А.Т. од Битола била почетната точка, која со цел да дојде до лиценца, му дала парична награда на С.Ч., професор на Стоматолошкиот факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора.

    Целта на ова плаќање била тој да изврши директно влијание кај С.Е., претседателот на Комисијата за полагање стручен испит при Министерството за здравство, кој потоа ѝ овозможил на кандидатката да ја помине декемвриската испитна сесија без соодветни квалификации.

    За овој факултетски и здравствен скандал, Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави за „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“ против 27-годишната студентка, 56-годишниот професор и 63-годишниот претседател на комисијата.

    • „На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.2 в.в. ст.1 и С.Е.(63) од Скопје за „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од КЗ. Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси кај второ и третопријавениот при што се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра 29.840 франци и 161.500 денари. Пријавената А.Т. како студент на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата Вибер, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен Потпретседател на Стоматолошка комора му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка. Парични средства му биле дадени на С.Ч. со цел истиот да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на Претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит“, соопштија од полицијата.
    Прочитај повеќе

    Организирале борби со кучиња: Полицијата приведе двајца гостиварци

    29.07.2026 во 11:50

    71-годишна скопјанка се јавила во полиција: Поранешниот партнер ме следи подолг период

    28.07.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.