Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок

    Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок

    28.07.2026 во 20:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политикана ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во  „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи дека само во изминатите денови граѓаните се соочија со нови ценовни удари –  поскапеа бензините и парното, а власта сè уште не донесе конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

    „Реалноста е дека граѓаните од ден во ден живеат сè полошо. Вчера имавме покачување на бензинот на 95 денари, на дизелот на 98,5 денари, покачување на парното за 6 проценти. Значи, постојано покачување, а никакви мерки нема за да се заштити животниот стандард на граѓаните“, изјави Тренчевска.

    Таа укажа дека ребалансот на Буџетот е показател за насоката во која се движи државата. Како пример го посочи делот за Министерството за социјална политика и демографија.

    „Ребалансот е огледало на тоа каде се движи државата. Со ребалансот имавме популистички изјави дека во Министерството за социјална политика и демографија се зголемува Буџетот за 2 милијарди, но ако направите анализа на ставките, ќе видите дека станува збор за лошо проектиран основен Буџет“, рече Тренчевска.

    Притоа, Тренчевска предупреди дека исплатите за социјалните и детските права континуирано доцнат, а доцнат и исплатите за услугите за лицата со попреченост, и тоа со месеци.

    „Сега се ставаат повеќе пари кај Министерството за социјална политика и демографија, затоа што секојдневно слушаме за неисплатени права од социјална и детска заштита. Ако претходно беше воспоставена една традиција да се исплаќаат најдоцна до 5-ти во месецот, денес и до 15-ти во месецот не се исплаќаат овие права. Социјалните услуги, личните асистенти на лицата со попреченост, имаат доцнење од 2 до 3 месеци“, изјави Тренчевска.

    Потпретседателката на СДСМ посочи дека граѓаните овие две години со ВМРО на власт живеат сè полошо, а власта, наместо да преземе конкретни мерки и да постапи согласно законите, упатува само апели до големите синџири маркети.

    „Ги молат приватните компании, трговците, да не ги зголемуваат маржите, наместо да се примени Законот за нефер трговски практики и да се казнат за тоа што маржите и цените одат нагоре“, посочи Тренчевска.

    Таа додаде дека власта нема да го исполни проектираниот раст со ребалансот, за што, како што рече, потврда има и од Светска банка и од ММФ, а економската и социјалната состојба во државата ќе се влошува.

    „Со ваквиот ребаланс, до крајот на годината ситуацијата ќе биде уште потешка за граѓаните“, рече Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.