Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

    28.07.2026 во 13:00

    Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува здравствен надзор за хепатит А и Е!

    28.07.2026 во 12:29

    Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава

    28.07.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости
    • Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува здравствен надзор за хепатит А и Е!
    • Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава
    • Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога
    • Проф. д-р. Лепиткова: Новите технологии отвораат поинаква перспектива за современото рударство
    • Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми
    • Уапсен тинејџер од Македонија за неуспешен обид за ликвидација на црногорски наркобос
    • Трамп најави „добри разговори“ со Техеран, цената на нафтата падна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

    Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

    28.07.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мерките и иницијативите што ги презема Владата за привлекување странски туристи даваат конкретни резултати на терен, што е особено видливо преку драстичниот скок на фреквенцијата на домашните аеродроми во ек на туристичката сезона. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од досегашните политики во овој сектор.

    Шефот на извршната власт се повика на меѓународни извештаи кои ја позиционираат земјата на самиот врв во европски рамки според процентот на зголемување на странските посетители.

    Според неговите тврдења, овие позитивни трендови ќе дадат силен поттик и врз вкупните економски показатели на државата.

    Премиерот Мицкоски ги изнесе конкретните податоци и очекувања за ефектот врз домашната економија:

    „Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“

    Прочитај повеќе

    Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува здравствен надзор за хепатит А и Е!

    28.07.2026 во 12:29

    Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава

    28.07.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.