Close Menu
Press24
    Најново

    Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога

    28.07.2026 во 12:11

    Проф. д-р. Лепиткова: Новите технологии отвораат поинаква перспектива за современото рударство

    28.07.2026 во 11:54

    Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми

    28.07.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога
    • Проф. д-р. Лепиткова: Новите технологии отвораат поинаква перспектива за современото рударство
    • Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми
    • Уапсен тинејџер од Македонија за неуспешен обид за ликвидација на црногорски наркобос
    • Трамп најави „добри разговори“ со Техеран, цената на нафтата падна
    • Ревизија начека хаос во Комисијата за заштита на конкурецијата: Пропусти во тендери, неосигуран имот
    • Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија
    • Мицкоски денеска во Илиндин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога

    Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога

    28.07.2026 во 12:112 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заплена на пиштол без дозвола, бела прашкаста материја и марихуана е билансот од синоќешната акција на кумановската полиција, која спроведе претреси на две локации во градот.

    Акцијата започнала во вечерните часови кога полициски тимови со судска наредба упаднале во домот на 19-годишниот кумановец Г.М., каде инспекторите пронашле и одзеле марихуана подготвена за употреба.

    Подоцна истата вечер, во вториот претрес, инспекторите пронашле пиштол калибар 7,62 милиметри без рамка и муниција за кој сопственикот немал никаква дозвола, како и бела прашкаста материја.

    За време на рацијата била затекната и 42-годишна жена кај која при личен преглед исто така биле пронајдени опијати.

    Зад решетки завршија 19-годишниот Г.М., 45-годишниот Р.С. и 42-годишната Д.В., сите од Куманово.

    По целосно документирање на сите докази, СВР Куманово против тројцата ќе поднесе соодветни кривични пријави за неовластено производство на дрога и поседување оружје.

    -Вчера во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од Куманово. При претрес во домот на Р.С., во кој била затекната Д.В., извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја и пиштол калибар 7,62 мм без рамка и муниција за кои не поседувал дозвола. Додека, при преглед кај Д.В. била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопштија од полицијата.

    Прочитај повеќе

    8 дена притвор за Словенец – ја претепал девојката додека биле во Охрид

    27.07.2026 во 18:36

    Сопружници во Скопје си размениле тупаници, па се пријавиле во полиција

    27.07.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.