Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Пријавете корупција, покажавме и докажавме дека сме способни да правиме реформи

    27.07.2026 во 22:11

    Мицкоски: Уставни измени какви што бара Бугарија нема да дозволам

    27.07.2026 во 21:54

    Мицкоски за Гостивар: Водата веќе може да се користи како техничка, обвинителството ја утврдува одговорноста

    27.07.2026 во 21:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пријавете корупција, покажавме и докажавме дека сме способни да правиме реформи
    • Мицкоски: Уставни измени какви што бара Бугарија нема да дозволам
    • Мицкоски за Гостивар: Водата веќе може да се користи како техничка, обвинителството ја утврдува одговорноста
    • Лукаревска: Ребалансот е потврда за погрешното економско планирање на Владата
    • (ВИДЕО) Спасовски го осуди вандализирањето на КУД „Српски вез“ во Куманово и побара итно расчистување
    • Гром запали куќа во регионот
    • Стефковски: Тргнаа 35 коњаници кон Крушево во чест на хероите од Илинден
    • Мицкоски од Горно Лисиче: Со гордост им посакавме среќен пат кон Крушево на учесниците во Илинденскиот коњички марш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Пријавете корупција, покажавме и докажавме дека сме способни да правиме реформи

    Мицкоски: Пријавете корупција, покажавме и докажавме дека сме способни да правиме реформи

    27.07.2026 во 22:113 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават.

    „Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули репортиравме до самата Европска Унија. Системот, стандардот, реформите го прават луѓето. Еве почнавме со Гостивар, каква сакате направете реформа ако вие имате луѓе кои се неодговорни и кои што се однесуваат неодговорно за бадијала ви е вас таа реформа.  Ако ние не сфатиме дека се тргнува од нас, тогаш ние на хартија најбрилијантните реформи ќе ги ставиме ќе ги поминеме низ Влада и низ Парламент и сето тоа ќе биде перфектно, но, ако нема кој да го применува и прифати за бадијала ни е нас.

    Кога зборуваме за перцепцијата околу корупцијата, ќе споделам со вас еден момент. Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции и државните институции. На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат да има. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти. Што сакам со ова да кажам? Создадена е перцепција, нашиот народ повозрасните велат очи да ти извадат, муабет да не ти извадат. Создадена е перцепцијата, никој нема дилема. Но кога ќе ги прашате тогаш ќе видите дека системот поинаку функционира. И сега што направивме ние? Се надевам дека од август ќе почне да функционира заедно со министерот за внатрешни работи и со една реномирана невладина меѓународна организација имавме состанок на кој што состанок се договоривме, таа институција невладина меѓународна организација да води еден процес „Пријави корупција“. А тој ќе биде придружен со натписи, налепници во сите општински и државни институции“, вели тој и додаде:

    „Чим луѓето изградиле таква перцепција, чим тој стереотип е присутен, тоа значи дека они немаат доверба во институциите. Ако е така, тогаш еве оваа нека биде носител, а ние ќе ја подржиме. Ако пријавиш корупција тогаш ние ќе можеме да делуваме, но ако ти молчиш и не пријавуваш, тогаш ние не можеме да дејствуваме.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Уставни измени какви што бара Бугарија нема да дозволам

    27.07.2026 во 21:54

    Мицкоски за Гостивар: Водата веќе може да се користи како техничка, обвинителството ја утврдува одговорноста

    27.07.2026 во 21:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.