Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Вашингтон: Македонија има јасна цел – посилно партнерство со САД и членство во ЕУ
    • Македонската полиција ги фати – Двајца крадци со лисици на рацете
    • Свети Захариј – таткото на Свети Јован Крстител: Ангел му ја најавил радосната вест
    • Водовод најави исклучување – Улици во Скопје денеска без вода
    • ФОТО: „Живи и мртви“ – Наезда на глувци и стаорци кај „Буњаковец“ во близина на училиште
    • ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“
    • Златото повторно „полета”: Еве колку чини унца на светските берзи
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Тргнаа 35 коњаници кон Крушево во чест на хероите од Илинден

    Стефковски: Тргнаа 35 коњаници кон Крушево во чест на хероите од Илинден

    27.07.2026 во 20:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 35 коњаници од Горно Лисиче вечерва го започнаа својот пат кон Крушево во рамки на 48-от Традиционален Илинденски коњички марш. Тие на празникот Илинден ќе им оддадат почит на хероите кои ги вградија своите животи во темелите на македонската државност.

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку социјалните мрежи истакна дека Илинден претставува завет за зачувување на споменот за комитите и војводите.

    „Илинден не е само датум – Илинден е завет. Зaвет дека никогаш нема да ги заборавиме жртвата, храброста и идеалите на комитите и војводите кои се бореа за слободна Македонија. Од Мечкин Камен и бесмртниот подвиг на хероите, до денес, нивната порака останува жива – љубовта кон татковината е најсилната сила што го обединува македонскиот народ“, објави Стефковски.

    Тој додаде дека годинава покровител на оваа традиција е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додека Општина Гази Баба настапува како поддржувач.

    „Поклон пред сите илинденци кои со својата храброст ја испишаа најсветлата страница од нашата историја и ни оставија аманет да ја чуваме и сакаме Македонија. И оваа година покровител на оваа значајна традиција е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а Општина Гази Баба со гордост е помагател и поддржувач на настанот. Нека патот им биде лесен, а знамето што го носат нека биде симбол на нашето единство, достоинство и непоколеблива љубов кон татковината“, порача Стефковски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.