Close Menu
Press24
    Најново

    ЈСП со важна информација за граѓаните за следните три дена

    19.03.2026 во 15:31

    Мартовски шок: Во 13 часот во Македонија измерени минусни температури

    19.03.2026 во 15:19

    Јавниот обвинител Ненад Савески ја презеде должноста

    19.03.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЈСП со важна информација за граѓаните за следните три дена
    • Мартовски шок: Во 13 часот во Македонија измерени минусни температури
    • Јавниот обвинител Ненад Савески ја презеде должноста
    • Градоначалникот Ѓорѓиевски и заменик-министерот Велковски поделија над 50 пакети храна за Рамазан Бајрам
    • Приведени седум возачи: Пијани предизвикувале несреќи, други возеле без дозвола и со марихуана
    • Со тротинет прегазила жена и побегнала, скопјанка заврши во болница со тешки повреди
    • Филмско бегство во Неготино: Малолетник на мопед бегал од полицијата, кај него пронајдена марихуана
    • Филипче: Наместо за членството на Македонија во ЕУ, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС го претвори лозарството во буниште

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС го претвори лозарството во буниште

    19.09.2025 во 18:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во најновото соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките од СДСМ во врска со состојбата со откупот на винското грозје, потенцирајќи дека резултатите на терен „говореле доволно јасно“ и ја потврдувале успешноста на мерките на актуелната Влада.

    Од партијата посочуваат дека токму во времето на СДСМ е донесена одредбата од Законот за вино, која дозволува винариите да кратат 8% од цената на грозјето, што според нив денес се користи како лажна основа за критики.

    „За разлика од нив и нивните ‘ефикасни мерки’, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и МЗШВ овозможи оваа година повторно оспособување на системите за наводнување, кои беа оставени во катастрофална состојба“, се наведува во соопштението.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, бенефитите од тие мерки веќе се чувствуваат, а откупот на винското грозје се одвива континуирано и организирано. Заклучно со 16 септември 2025 година, откупени се над 78 милиони килограми грозје.

    „Исплатата на лозарите е гарантирана со државна поддршка, и нема да се дозволи ниту еден килограм грозје да остане неисплатен“, додаваат од партијата, најавувајќи дека Владата има механизми и капацитет за откуп и на преостанатите количини, со вклучување и на дополнителни винарии како „Вардар винарија“.

    Во заклучок, ВМРО-ДПМНЕ порачува дека „денес лозарите гледаат иднина со оваа Влада – со усогласена откупна цена, сигурен откуп и навремена исплата“.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.