Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три жени се повредени во напад со нож, полицаец го совладал напаѓачот – Крвав инцидент во Париз

    Три жени се повредени во напад со нож, полицаец го совладал напаѓачот – Крвав инцидент во Париз

    27.07.2026 во 18:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три жени се повредени во напад со нож што се случил претпладнево во Париз, а осомничениот напаѓач е уапсен по брза реакција на полицаец кој во моментот не бил на должност.

    Нападот се случил околу 11:30 часот во областа Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина.

    Според досегашните информации, напаѓачот бил вооружен со два кујнски ножа и нападнал три жени на возраст од 19, 24 и 36 години.

    Сите повредени жени веднаш биле пренесени во болница каде што им била укажана медицинска помош.

    Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека осомничениот бил совладан од полицаец во цивил.

    „Сторителот е уапсен од полицаец кој не е на должност“, изјави Нуњез, оценувајќи ја неговата интервенција како „храбар чин“.

    Според локалните медиуми, една од нападнатите жени наводно е бремена, но оваа информација сè уште нема официјална потврда од властите.

    Две од жртвите се здобиле со сериозни повреди во пределот на грбот и стомакот, но според министерот, нивните животи се надвор од опасност.

    Осомничениот по апсењето дал некохерентна изјава, а властите засега не го соопштуваат неговиот идентитет ниту мотивот за нападот.

    Полицијата ја продолжува истрагата за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу напаѓачот и жртвите.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.