Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штрајк на грчките цариници ги блокираше Богородица, Дојран и Меџитлија!

    Штрајк на грчките цариници ги блокираше Богородица, Дојран и Меџитлија!

    27.07.2026 во 09:152 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патниците кои денеска патуваат кон Грција или се враќаат дома се соочуваат со километарски колони и повеќечасовни застои на јужната граница. Поради најавениот штрајк на грчките царински служби, сообраќајот на клучните гранични премини меѓу двете земји се одвива отежнато и под посебен, забавен режим.

    Како што пренесуваат надлежните служби, прекинот во работата на грчките цариници директно ги зафати трите главни премини: Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

    Најостра е блокадата за камионите, додека за патничките автомобили пропуштањето се врши според строго утврдена временска динамина.

    Во официјалните известувања од граничните служби детално се прецизира режимот на движење и временската рамка на протестот:

    „На премините Евзони (Богородица), Дојран (Дојрани) и Ники (Меѓитлија), патничките возила ќе бидат пропуштени еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно прекинат.“

    Најкритично е на Евзони – турисите да бидат подготвени за чекање

    Поради масовниот прилив на туристи во овој период од годината, најголем притисок се бележи на Богородица, каде што редиците возила се формираа уште во раните утрински часови.

    Туристичките работници и сообраќајните апелираат возачите да се вооружат со трпение и навреме да го планираат своето патување:

    „Поради овој режим, се очекуваат подолги застои и формирање редици, особено на преминот Евзони, кој е најфреквентен за туристите кои патуваат во одморалиштата во Грција. Туристичките организации им советуваат на возачите да ја проверат состојбата на граничните премини пред поаѓање, да испланираат дополнително време за патувањето и да бидат подготвени за евентуални чекања.“

    Нормализација се очекува во текот на денот

    Иако прекинот на работата е временски ограничен, надлежните предупредуваат дека гужвите нема да исчезнат веднаш по завршувањето на протестот поради напластениот сообраќаен бран.

    Според проценките за состојбата на теренот, расчистувањето на колоните ќе трае со часови:

    „Иако се очекува дека по завршувањето на штрајкот, сообраќајот постепено ќе се нормализира, зголемениот број возила би можел да предизвика застои во текот на остатокот од денот.“

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија

    18.09.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.