Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

    25.07.2026 во 12:26

    Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар 

    25.07.2026 во 12:15

    Речиси целата потрошувачка на струја во мај покриена од домашното производство

    25.07.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните
    • Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар 
    • Речиси целата потрошувачка на струја во мај покриена од домашното производство
    • Без возачка дозвола и со лажни регистарски таблички превезувал мигранти од Турција, Пакистан и Авганистан
    • ВИДЕО: Невремето во Грција остави пустош
    • Полицијата упадна во Арачиново: Приведен 25-годишник, пронајдени две кила марихуана
    • Денеска бесплатен панорамски разглед на градот Скопје
    • Викенд гужви на „Богородица“ и „Табановце“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

    Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

    25.07.2026 во 12:264 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Критичното ниво на неисправност на водата за пиење веќе опфати седум населени места низ Македонија, а постои сериозен ризик овој бран да се прошири и во други општини, алармираат од опозициската СДСМ. Членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција истакна дека државата се соочува со целосен системски колапс во делот на комуналната инфраструктура и заштитата на здравјето на граѓаните. Според неговите тврдења, додека жителите на повеќе градови немаат пристап до основна потреба како што е чистата вода, властите планираат огромни финансиски средства за прославата на денот на независноста.

    Од опозицијата додаваат дека дополнителен ризик за контаминација постои и за Кичево, Македонски Брод и Долнени бидејќи го користат истиот извор Студенчица. Поради тоа, од СДСМ бараат итно запирање на предвидените манифестации и пренасочување на буџетските средства за изградба на пречистителни и филтер станици, осовременување на водоводната мрежа и набавка на нови резервоари.

    Фрчкоски во своето обраќање директно го лоцираше ризикот за останатите региони:

    „Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање. Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално.“

    Како што посочуваат од опозициската партија, издвојувањето на пет милиони евра преку Државна лотарија за музички настани во вакви вонредни услови е несоодветен и нехуман чекор, поради што сите средства мора веднаш да се стават во функција на обезбедување питка вода.

    „Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти. Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта. Најпатриотски чин на денот на независноста е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓаните. Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани. Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации. Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома. Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи.“

    Од СДСМ реагираат и на начинот на кој се донесени владините одлуки, тврдејќи дека финансирањето од нераспределената дивиденда на Државна лотарија и изборот на изведувачи се спроведени без соодветна контрола и спротивно на законите.

    „Владата на Мицкоски досега криеше од јавноста колку пари ќе потроши за прославата, но АКТ денеска открива. Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија – немаат милост за тендери и провизии. На 167-та седница одржана на 28 април 2026 година, Владата на Мицкоски ѝ наложила на АД Државна лотарија да обезбеди 300.000.000 денари (околу 5 милиони евра) од нераспределената дивиденда за 2024 година за финансирање и спонзорирање на манифестациите за прослава на независноста. Пред да биде објавен формалниот јавен повик на Државна лотарија, во јавноста и медиумите беше објавено дека „Авалон продукција“ веќе е избрана и ангажирана како главен партнер за централните музички настани. Како? Под маса? Ова е сомнително и од законски аспект треба да биде испитано. Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии. Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра. Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи“, додава Фрчкоски.“

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар 

    25.07.2026 во 12:15

    Вучиќ со добри вести: САД привремено ги укинаа царините за стоки од Србија

    24.07.2026 во 22:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.