Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Втората вечер на Фестивалот „Чаршија“ го донесе духот на шпанското фламенко во Скопје

    Меџити: Втората вечер на Фестивалот „Чаршија“ го донесе духот на шпанското фламенко во Скопје

    24.07.2026 во 23:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Втората вечер на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ги донесе во Скопје ритамот и духот на шпанското фламенко, преку впечатливиот настап на Алба Биоке и квартетот „Корени и ветер“ од Барселона. На вечерта присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, Неговата Екселенција Рафаел Соријано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Северна Македонија, како и бројни гости и љубители на уметноста.

    Шпанската традиција природно се спои со атмосферата на Скопје, внесувајќи нова уметничка димензија во првото издание на фестивалот и потврдувајќи го неговиот меѓународен карактер.

    „Фестивалот ‘Чаршија’ го претвора Скопје во место каде што културата ги надминува границите и каде што уметници од различни земји ги претставуваат својата историја, идентитет и уметност пред нашата публика. Првото издание само што започна, но енергијата на овие вечери покажува дека ‘Чаршија’ има сè што е потребно за да прерасне во настан што со нетрпение ќе го очекуваме секое лето“, истакна Меџити.

    Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, во организација на Општина Чаир, продолжува и во следните вечери со домашни и меѓународни уметници, со цел да изгради нова годишна традиција и да го афирмира Скопје како место на средба на музиката, уметноста и различните култури.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.