ЈКП „Водовод“ – Битола спроведува континуирана контрола за обезбедување безбедна и квалитетна вода за пиење за жителите на Битола и околните населени места.
„Преработката на водата се одвива во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман врши 24-часовен мониторинг на процесот.
Во периодот од 2023 до 2025 година се извршени вкупно 16.622 лабораториски анализи, од кои 8.786 физичко-хемиски и 7.836 микробиолошки.
Ова претставува повеќе од 5.400 анализи годишно, односно просечно околу 15 анализи дневно на сите мерни пунктови.
Контролата опфаќа примероци од суровата вода, финалната вода од Филтерската станица и бројни точки низ дистрибутивната мрежа.
Дополнителни вонредни анализи се спроведуваат при дефекти, пуштање нови водоводни линии и по пријави од корисниците.
Покрај интерните проверки, квалитетот редовно го контролираат и надворешни овластени и акредитирани лаборатории.
Испитувањата се вршат согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/2018).
Според официјалните извештаи, водата што се испорачува преку системот целосно ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност“, стои во соопштението од ЈКП Водовод Битола.

