Close Menu
Press24
    Најново

    Зулфиќар Зејнула избран за министер без ресор

    24.07.2026 во 13:54

    Работник од Индија излета со товарно возило на Кичево-Охрид

    24.07.2026 во 13:32

    Тесла загуби 214 милијарди долари од берзанската вредност за еден ден

    24.07.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зулфиќар Зејнула избран за министер без ресор
    • Работник од Индија излета со товарно возило на Кичево-Охрид
    • Тесла загуби 214 милијарди долари од берзанската вредност за еден ден
    • Внимавајте ако патувате во Грција: В понеделник наутро штрајкуваат грчките цариници на Богородица, Дојран и Меџитлија!
    • Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ –  инвестиција вредна над 31 милион денари
    • Муцунски: Постојано ги активираме и работиме на прашањата за човековите права на Македонците во Бугарија
    • УХМР со прогноза за викендот – Следните денови нови пресврти со времето
    • Охрид избегна листа во опасност: Муцунски го оцени исходот како дипломатски успех
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зулфиќар Зејнула избран за министер без ресор

    Зулфиќар Зејнула избран за министер без ресор

    24.07.2026 во 13:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со мнозинство од 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, пратениците во собраниската сала денеска го изгласаа Зулфиќар Зејнула за нов министер без ресор во Владата. По завршувањето на гласањето, првиот човек на Демократската партија на Турците во Македонија даде и свечена изјава пред парламентарниот состав.

    Образложувајќи го својот предлог од говорницата, премиерот Христијан Мицкоски порача дека фокусот при овој избор е ставен на капацитетот за преземање одговорност и заштита на интересите на сите граѓани, а не на партиски и етнички математики.

    Од опозициската коалиција предводена од СДСМ, пак, одбија да дадат поддршка за новиот министер. Според нивниот став, иако немаат лична забелешка за кандидатот, сепак сметаат дека неговото влегување во Владата нема да донесе никаква реална промена во владините политики.

    Пред парламентарците, премиерот Мицкоски ја образложи потребата од комплетирање на владиниот тим со изборот на Зејнула:

    „Нашата држава денеска има потреба од стабилност, од институции што функционираат и од луѓе кои нема да ја трошат енергијата на политички пресметки, туку ќе ја вложат на решавање на проблемите на граѓаните. Токму затоа денеска го предлагам Зулфуќар Зејнула за министер без ресор“, изјави Мицкоски пред пратениците.

    СДСМ: „Ова е министер за Бадентер, а не за резултати“

    Спротивставувајќи се на предлогот, пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, за време на дебатата истакна дека во претставеното експозе воопшто не биле дефинирани конкретните задолженија и ресорот кој ќе го води новиот член на Владата.

    Спасовски упати критика во однос на карактерот на ова именување и очекувањата за подобрување на состојбите во клучните сектори:

    „Иако е министер без ресор, ние во експозето на премиерот не слушнавме кои ќе бидат обврските кои ќе му ги делегира Владата и со кое портфолио ќе застане како член на Владата. Моето прашање е дали изборот на претседателот на Демократската партија на Турците ќе помогне во однос на сите пропуштени работи во делот на резултатите и она што треба да го направиме во наредниот период. Посакувам навистина од денеска, после изборот, резултатите да дојдат сериозно во сите области – во економијата, во образованието, во здравството, во земјоделството и да видиме дека навистина до Турците била работата за напредок на на Македонија“, порача Спасовски.

    Прочитај повеќе

    Работник од Индија излета со товарно возило на Кичево-Охрид

    24.07.2026 во 13:32

    Внимавајте ако патувате во Грција: В понеделник наутро штрајкуваат грчките цариници на Богородица, Дојран и Меџитлија!

    24.07.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.