Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Постојано ги активираме и работиме на прашањата за човековите права на Македонците во Бугарија

    24.07.2026 во 12:14

    УХМР со прогноза за викендот – Следните денови нови пресврти со времето

    24.07.2026 во 11:50

    Охрид избегна листа во опасност: Муцунски го оцени исходот како дипломатски успех

    24.07.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Постојано ги активираме и работиме на прашањата за човековите права на Македонците во Бугарија
    • УХМР со прогноза за викендот – Следните денови нови пресврти со времето
    • Охрид избегна листа во опасност: Муцунски го оцени исходот како дипломатски успех
    • ФОТО: Ветувал странски пасош, „здиплил“ 9.000€ – МВР го фати измамникот
    • СДСМ бара одговорност: „Колку градови уште пијат неисправна вода?“
    • Нагло заладување во Македонија, од 30 до само 6 степени – УХМР ги измери температурите низ Македонија
    • Невремето во Куманово остави хаос – Граѓаните да пријават штета
    • Го удирале со клоци и боксови – По 10 години затвор за убиството пред казино во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Постојано ги активираме и работиме на прашањата за човековите права на Македонците во Бугарија

    Муцунски: Постојано ги активираме и работиме на прашањата за човековите права на Македонците во Бугарија

    24.07.2026 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прашањата за заштита на човековите права и системското непочитување на правата на Македонците во Бугарија остануваат во фокусот на дипломатските активности на македонското Министерство за надворешни работи. Како што соопшти денеска шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, државата преку своето делување во Советот на Европа постојано го покренува ова прашање и врши притисок за доследно почитување на меѓународните стандарди.

    Министерот посочи дека темата за човековите права зазема централно место во работата на оваа престижна европска институција, со која Македонија се подготвува официјално да претседава почнувајќи од 2028 година.

    Во однос на извршувањето на одлуките од Стразбур, Муцунски потврди дека македонските институции будно ги следат сите процеси поврзани со имплементацијата на пресудите донесени во корист на македонските здруженија во Бугарија.

    За време на денешната прес-конференција, министерот Муцунски даде детално појаснување за правната позиција на земјата и активностите во Комитетот на министри:

    „Ние сме прилично активна земја по повеќе предмети, но меѓу другото и предметите поврзани со ОМО Илинден-Пирин и со други невладини организации на територија на Бугарија. За жал, поради долгогодишна грешка од пред 15, 20, па и повеќе години, ние не сме странка во тие постапки, иако сме можеле да бидеме, но тоа било погрешна одлука донесена во тој период. Меѓутоа, како земја членка на таа организација, имаме право да даваме свој импут и свои гледишта и тоа активно го правиме во Комитетот на министри, каде што инсистираме на доследно спроведување и целосно имплементирање и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи тоа го сметаме како значајно цивилизациско достигнување во денешна Европа, рече Муцински во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.“

    Подготовки за претседавањето со Советот на Европа во 2028 година

    Осврнувајќи се на идните дипломатски обврски, шефот на дипломатијата информираше дека државата веќе ги започнува оперативните подготовки за преземање на претседавачката функција со Комитетот на министри при Советот на Европа.

    Како што појасни тој, наредниот период од година и половина ќе се искористи за координација на приоритетите со претходните и идното претседателство.

    „Ние веќе влегуваме во процес на подготовка за тоа претседавање. Презентираме наши приоритети, разговараме и со земјите коишто биле претседавачи пред нас или ќе бидат по нас, за колку што може повеќе да имаме и координирани приоритети во рамките на тоа претседавање. Така што тоа е еден процес за којшто ние од мултилатерална гледна точка и како институција, но и како држава, постојано се подготвуваме, рече Муцунски.“

    Прочитај повеќе

    УХМР со прогноза за викендот – Следните денови нови пресврти со времето

    24.07.2026 во 11:50

    Охрид избегна листа во опасност: Муцунски го оцени исходот како дипломатски успех

    24.07.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.