Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС е се уште во шок од изборите – вразумете се

    04.11.2025 во 17:52

    Хорор во Кочани: Малолетник допирал 16-годишно девојче на школо – таткото пријавил во полиција

    04.11.2025 во 17:28

    Нигериската армија уби 19 членови на банда во државата Кано

    04.11.2025 во 17:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС е се уште во шок од изборите – вразумете се
    • Хорор во Кочани: Малолетник допирал 16-годишно девојче на школо – таткото пријавил во полиција
    • Нигериската армија уби 19 членови на банда во државата Кано
    • Германец фатен со дрога на Табановце
    • Кралот Чарлс III го прогласи Дејвид Бекам за витез
    • Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
    • ЦУК и Национална радиодифузија потпишаа Меморандум за соработка: Поефикасно предупредување од кризи
    • Загрижен родител се јавил во полиција: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Паднаа началник, директор, полицајци – приведени 15 лица осомничени за пустошење шуми

    Паднаа началник, директор, полицајци – приведени 15 лица осомничени за пустошење шуми

    19.09.2025 во 16:22
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп.

    Во текот на 2025 година, двајца вработени во осомниченото правно лице и полициски службеник формирале група со цел стекнување противправна имотна корист преку злоупотреба на службената положба и овластувања, давање и примање поткуп, како и пустошење на шумите. Придружени од други осомничени, кои се вработени во различни институции (Министерството за внатрешни работи, ЈП Национални шуми подружница Малешево, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица), тие реализирале нелегални активности кои довеле до опустошување на шума во површина од 6.000 хектари, сопственост на ЈП Национални Шуми ПСШ Малешево.

    Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист.

    Групата била дополнително поддржана од полициски службеници кои не презеле мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли, што им овозможило да го продолжат своето криминално дејствување. Осомничениот директор на ЈП Национални шуми – ПО Малешево ја одобрувал нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата што биле користени за извршување на кривичното дело.

    Првосомничениот, во името и за сметка на осомниченото правно лице, во август и септември 2025 година му дал паричен подарок на директорот на ЈП Национални шуми, во вкупен износ од 6100 евра со цел да дозволи нелегална сеча на дрвна маса, и тоа пред да биде објавен јавен повик за опожарена дрвна маса.

    Во текот на вчерашниот ден со цел да не биде откриено кривичното дело и сторителите осомничениот началник известил припадник на групата дека полицијата ќе постапува за откривање на кривичното дело, по што осомничениот припадник го информирал организаторот кој понатаму со цел прикривање на трагите на кривичното дело и предметите ги известил лицата кои што вршеле нелегална сеча во атарот на с. Двориште да го “чистат“ теренот по што истиот самиот се упатил на местото каде што бил пресретнат и фатен на лице место.​

    ​Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите за притвор, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени.

    Featured
    Популарно

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.