Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Детали за земјотресот кој вечерва ја стресе Македонија – познат епицентарот
    • Земјотрес ја погоди Македонија
    • Мицкоски оствари средба со Вучиќ: Акцент на регионалната стабилност и европската перспектива
    • Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
    • Митева: Клучен предуслов за подобрување на состојбите се долгорочната стратегија и континуитетот во политиките
    • Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри за скандалот со водата во Гостивар

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри за скандалот со водата во Гостивар

    24.07.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на граѓаните кои со право бараат како дошло до ваква состојба и зошто институциите не реагирале навреме. Јасно е дека кога станува збор за нивните функционери, СДС, ДУИ и Таравари применуваат двојни аршини, едни критериуми за политичките противници, а сосема други за сопствените кадри. Таквиот пристап ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и испраќа порака дека партиската припадност е поважна од одговорноста, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека додека локалната власт доцнеше со реакција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни активности за справување со состојбата и заштита на јавниот интерес.

    -Граѓаните имаат право да очекуваат целосно расчистување на случајот, утврдување на евентуална одговорност и преземање мерки за вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Никој не смее да биде заштитен или привилегиран поради политичка припадност. Граѓаните очекуваат одговорност, транспарентност и навремена реакција, а не политички изговори и селективни критериуми. Време е СДС, ДУИ и Таравари да престанат да ги штитат своите функционери и да покажат дека интересот на граѓаните е пред партискиот интерес, стои во партиското соопштение.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски оствари средба со Вучиќ: Акцент на регионалната стабилност и европската перспектива

    24.09.2026 во 22:18

    Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

    24.09.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.