Close Menu
Press24
    Најново

    Политичка пресметка за кризата со водата: ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДС за дезинформации

    24.07.2026 во 10:58

    СДСМ бара оставки од Клековски, Андоновска и Миланов: „Институциите не го заштитија здравјето на граѓаните“

    24.07.2026 во 10:53

    Охрид останува под лупа на УНЕСКО: Државата доби нов рок за исполнување на препораките

    24.07.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Политичка пресметка за кризата со водата: ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДС за дезинформации
    • СДСМ бара оставки од Клековски, Андоновска и Миланов: „Институциите не го заштитија здравјето на граѓаните“
    • Охрид останува под лупа на УНЕСКО: Државата доби нов рок за исполнување на препораките
    • „Идадија“ по 50 години добива нов лик: Почна реконструкција вредна 31 милион денари
    • Со 1,69 промили и без возачка излетал од пат: Тројца повредени во несреќа во Македонија
    • Убава вест од регионот: За еден час се родија 9 бебиња – „Беби бум“ во породилиште
    • Околу 2.700 грла овци уништени поради сипаници – Сточарите на средба со АХВ
    • Укинат притворот на поранешниот претседател на ФФМ – Пуштен со гаранција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп направи „трговска бура” – 60 земји под нови царини од САД

    Трамп направи „трговска бура” – 60 земји под нови царини од САД

    24.07.2026 во 09:20Updated:24.07.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десетици американски трговски партнери, од Европа преку Кина до Индија, сега се соочуваат со нови царини од 10 до 12,5 отсто за стоката што ја извезуваат во Соединетите Американски Држави, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник, пренесува Си-Ен-Ен.

    Новите царини стапија во сила утрово. Стоката од 60 засегнати земји сочинува 99,4 отсто од американскиот увоз.

    Воведувањето на новите царини се совпаѓа со истекот на речиси универзалната царина од 10 отсто што претседателот Доналд Трамп ја воведе претходно оваа година, а која Врховниот суд ја оцени како незаконска.

    „Претседателот нема да дозволи неговата трговска политика и пошироките цели да бидат поткопани само затоа што еден инструмент можеби е ограничен со судска одлука или со некој друг фактор“, изјавија високи претставници на Белата куќа пред новинарите во четвртокот, при најавата на новите мерки.

    Најновата одлука уследи по повеќемесечна истрага на американскиот трговски претставник за наводното користење принудна работа во производството на стока што се извезува во САД, како и за неуспехот на одредени земји да спречат такви практики.

    Европската Унија ги доведе во прашање новите царини, а шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги нарече „негативно изненадување“ и ги отфрли тврдењата за принудна работа како неосновани. Швајцарија исто така ги отфрли обвинувањата, додека Норвешка соопшти дека не планира воведување контрамерки преку царини за американска стока.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Политичка пресметка за кризата со водата: ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДС за дезинформации

    24.07.2026 во 10:58

    СДСМ бара оставки од Клековски, Андоновска и Миланов: „Институциите не го заштитија здравјето на граѓаните“

    24.07.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.