Close Menu
Press24
    Најново

    Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода

    23.07.2026 во 22:36

    Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел

    23.07.2026 во 22:17

    Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс

    23.07.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
    • Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
    • Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс
    • Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
    • Лукровски: Околу 2.000 ученици ќе бидат опфатени со курсеви по пливање во базенот во општина Карпош
    • Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар
    • ЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар
    • ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода

    Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода

    23.07.2026 во 22:363 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференција на кризниот штаб во Гостивар информираше дека вчера и денеска во Гостивар донесени се 200.000 литри пакувана вода. Ангелов посочи дека станува збор за донации и од Министерството за локална самоуправа, и Општина Неготино. Покрај вода за пиење се работи и на обезбедување доволни количества техничка вода.

    – По потреба можеме да обезбедиме дополнителна количина флаширана вода, онолку колку што е неопходно за граѓаните на Гостивар да имаат доволно вода за пиење. Денеска до граѓаните на Општина Гостивар е доставена се над 100 тони техничка вода, рече Ангелов.

    Во изјавата, тој посочи дека за надминување на состојбата со водата за пиење во Гостивар ангажирани се 13 цистерни за вода и еден камион со резервоар за вода.

    – Моментално во Гостивар има 8 цистерни, а уште пет пристигнуваат во секој момент, заедно со камионот со резервоар, рече Ангелов.

    Тој ги кажа и распоредите за на терен:

     – Болница Гостивар: цистерна со 5,5 тони техничка вода.
     – Здравствен дом: цистерна со 2 тона техничка вода.
     – Детска градинка: цистерна со 8 тони техничка вода
     – ОВР Гостивар: цистерна со 6 тони техничка вода.

    Наскоро, како што рече првиот човек на ЦУК, Ангелов, во Гостивар треба да дојдат и цистерни како испомош од други општини и АРМ.

    – Неготино: 1 цистерна (6 тони)

    – Кавадарци: 1 цистерна (6 тони)

    – АРМ 2 цистерни (една од 10 тони и една од 6 тони)

    – Дебар 1 цистерна (2 тона-со можност за носење и вода за пиење)

    – Тетово: 1 цистерна (9 тони)

    – Струга: 1 цистерна (12 тони)

    – Охрид: 1 цистерна (6 тони)

    – Скопје: 1 цистерна (10 тони)

    – Кичево: 1 камион со резервоар (3 тони).

    – Овие цистерни во договор со локалната самоуправа се распоредуваат онаму каде што е најпотребно. Водата за цистерните се полни од околните извори заради штедење на време, што овозможува нивно повеќекратно полнење и празнење во текот на денот, рече Стојанче Ангелов.

    За состојбата и помошта која пристигнува во Гостивар зборуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани кој појасни дека на состанокот на кризниот штаб биле каде што сите податоци беа донесени како препораки и заклучоци.

    Тој напомна дека ЈП „Комуналец“ – Гостивар, во соработка и со помош од експертскиот тим од ЈП „Водовод и канализација“ од Град Скопје, веќе започнаа со активности сè со цел гостиварци што побрзо да имаат пристап првенствено до техничка вода, а набрзо и до вода за пиење.

    – Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите општини, колеги градоначалници кои досега излегоа во пресрет, до сите општествено одговорни претпријатија, но исто така и до централната власт за сета оваа организација, со цел што побрзо да се нормализира состојбата во Општина Гостивар, рече Лимани.

    На прес конференцијата зборуваше и Изет Меџити, потпретседател на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа).

    – Тука сум со еден искрен, човечки пристап, целосно надвор од партиските, етничките, верските или кои било други определби. Во својство на потпретседател на ЗЕЛС. И, централната власт и локалната власт, но и самите општини веднаш изреагираа, сите придонесуваат на свој начин за нормализирање на состојбата во Гостивар. Сите сме ставени во функција да дадеме свој придонес и да помогнеме што побрзо да се нормализира состојбата во Гостивар, а граѓаните да добијат чиста вода за пиење. Тоа е главната цел, рече Меџити на прес конференцијата.

    Тој напомена и искажа благодарност до сите кои помагаат, како што рече со техничка вода, некои со вода за пиење, некои со професионални услуги и експертиза. 

    Прочитај повеќе

    Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс

    23.07.2026 во 21:56

    Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

    23.07.2026 во 21:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.