Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево, колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана

    23.07.2026 во 16:44

    Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN

    23.07.2026 во 16:21

    Почнува пријавувањето штети во Кисела Вода: Рокот е 30 дена, еве што треба да поднесете

    23.07.2026 во 16:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево, колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана
    • Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN
    • Почнува пријавувањето штети во Кисела Вода: Рокот е 30 дена, еве што треба да поднесете
    • Над 300.000 боледувања за една година: Се подготвуваат построги контроли и кратење на администрацијата
    • Центарот за јавно здравје – Прилеп: Водата во Крушево е бактериолошки неисправна
    • Откриена Ешерихија коли во морето, издадено предупредување за туристите – Алармантно на плажа во Хрватска
    • Минчев се сретна со Тунјан: Реформите во јавната администрација мора да бидат одржливи и со мерливи резултати
    • Две жени пријавиле полово вознемирување во Прилеп и Ресен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево, колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана

    СДСМ: По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево, колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана

    23.07.2026 во 16:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?, прашуваат од СДСМ.

    „Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. 

    За две години оваа власт успеа да ја потоне економијата. Сега изгледа дека граѓаните се дават и во отров.

    Дали некој воопшто ќе ја провери водата во базенот што го отвораат со орбанови-кинески пари? Или и таму важат истите стандарди како во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево?

    Ова не е низа од несреќни локални инциденти. Ова е системски колапс. Последица на нестручност и незнаење на кадарот што го поставија. 

    Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, тогаш е јасно какви кадри се поставени и на другите клучни позиции.

    Мицкоски ќе остане запаметен како трујачот на Македонија. Прашањето повеќе не е дали има проблем, прашањето е: кој град е следен на ред?“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Филипче нема кредибилитет да говори за здравството и за кризата во Гостивар, одговорност да бараат од нивните коалициони партнери

    23.07.2026 во 14:50

    Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат

    23.07.2026 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.