Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното

    Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното

    23.07.2026 во 13:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот Градски базен во Кавадарци.

    За време на посетата, премиерот посочи дека овој спортско-рекреативен центар има регионално значење за целиот крај.

    „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен“, истакна Мицкоски.

    Тој потенцираше дека од целосно запуштен објект, просторот е трансформиран во функционална содржина за најмладите.

    „Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина“, посочи премиерот.

    Мицкоски упати благодарност до градоначалникот, пратениците од регионот, советниците, општинската администрација и министерот за спорт за нивниот ангажман.

    Тој нагласи дека тековниот инвестициски бран содржи повеќе од 1.200 проекти ширум земјата кои имаат за цел да го променат ликот на населените места.

    „Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.