Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, извршија теренски увид во селото Дабиле по силното невреме што го зафати регионот.
За време на посетата, тие остварија директни средби со локалните земјоделци за одблиску да ги согледаат последиците врз земјоделските површини и имотите.
Покрај штетите врз посевите, градоначалникот Јанков изврши увид и на патната инфраструктура која исто така беше засегната од силниот дожд и ветер.
Од општинските служби информираат дека благодарение на брзата реакција на дежурните екипи, сите оштетувања на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.
Општина Струмица упати апел до сите жители кои имаат претрпено штети од невремето веднаш да ги пријават до надлежните општински служби.
По пријавите, овластените комисии ќе излезат на терен за да извршат детална проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка за засегнатите граѓани.

