Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот
    • „Не пропуштај ниту еден ритам“: Скопје денеска во знакот на срцевото здравје
    • Исклучувањето ќе трае со часови – Делови од Скопје без струја
    • Пратениците денеска ќе бараат одговори од Владата – Пратенички прашања во Собрание
    • Француска сенаторска делегација во посета на македонското Собрание
    • Тошковски во Охрид: Новите безбедносни ризици и предизвици во фокус
    • Јаневска во Охрид: Фокус на безбедноста, паметните технологии и предизвиците на иднината
    • Времето нагло се менува: Подгответе се за поројни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајката која малолетниот син ја пронајде во локви крв ќе биде погребана денеска – Страшно убиство го потресе цел регион

    Мајката која малолетниот син ја пронајде во локви крв ќе биде погребана денеска – Страшно убиство го потресе цел регион

    23.07.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зијада Узуновиќ, за која постојат сомнежи дека била убиена од сопругот во Словенија, пред тој да избега, денеска ќе биде погребана во Мијаковиќи.

    Зијада починала на 36-годишна возраст, а зад себе ги оставила синот, таткото, мајката и браќата.

    Се сомнева дека Зијада била усмртена со нож од нејзиниот сопруг во стан во центарот на Вухред, во ноќта меѓу недела и понеделник. Полицијата пријавата ја добила нешто пред еден часот по полноќ. Станува збор за семејство од Какањ, кое во потрага по подобар живот се преселило во Словенија.

    Според наводите од истрагата, осомничениот ѝ нанел смртоносни повреди со нож, од кои таа починала на местото.

    Злосторството било откриено откако малолетниот син на брачната двојка, по враќањето дома, го пронашол телото на мајка му. Момчето веднаш му се јавило на роднина кој го однел во Домот за здравје во Радље об Драви. Лекарот потоа ја известил полицијата, а за детето се погрижил надлежниот Центар за социјална работа.

    По пријавата за убиството била започната голема потрага, во која учествувале бројни полициски екипи, криминалисти, водачи на службени кучиња, полицајци на коњи, како и дронови и хеликоптер. За случајот биле известени и полициите на Хрватска и Австрија.

    Во текот на денот пристигнувале бројни дојави од граѓани. Осомничениот најпрво бил забележан во близина на гробиштата во Вузеница, потоа кај мостот во Вухред, а подоцна и во автобус од кој излегол во подрачјето на Мута. И покрај интензивната потрага, успевал да ѝ избега на полицијата.

    По апсењето признал дека по злосторството ја препливал реката Драва и со часови се криел на непристапни места. Полицијата, сепак, проценила дека би можел да се врати во близина на местото на злосторството, па патролите останале распоредени околу зградата.

    Оваа проценка се покажала точна. Околу 23:20 часот полицајците го забележале во близина на зградата каде што се случило злосторството и веднаш го уапсиле. Според Полициската управа Цеље, при апсењето не пружал отпор.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот

    24.09.2026 во 08:13

    „Не пропуштај ниту еден ритам“: Скопје денеска во знакот на срцевото здравје

    24.09.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.