Close Menu
Press24
    Најново

    Ескалација во Ормутскиот теснец: Иран се закани со целосна блокада на извозот на нафта ако продолжи конфликтот со САД

    23.07.2026 во 09:31

    ГАЛЕРИЈА: Во чантата носела накит вреден 1,3 милиони денари – Голема заплена на Табановце

    23.07.2026 во 09:26

    Аларм во Конго: Бројот на жртви од ебола се приближува до 1.000, за сојот „Бундибуџо“ нема одобрена вакцина

    23.07.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ескалација во Ормутскиот теснец: Иран се закани со целосна блокада на извозот на нафта ако продолжи конфликтот со САД
    • ГАЛЕРИЈА: Во чантата носела накит вреден 1,3 милиони денари – Голема заплена на Табановце
    • Аларм во Конго: Бројот на жртви од ебола се приближува до 1.000, за сојот „Бундибуџо“ нема одобрена вакцина
    • (ВИДЕО) Пукање врз автобуси со аргентински навивачи по натпреварот меѓу Насионал и Тигре
    • Дневен хороскоп: Работата отвора нови можности за ракот, Вагата да најде повеќе време за саканата личност
    • СДСМ бара одговорност за случајот со водата во Гостивар: „Лекарите не се проблем“
    • 20% повисоки плати за социјалните работници – Владата најавува нови мерки за младите
    • ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини за труењето во Гостивар, едни правила за опозицијата, други за нивните функционери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ескалација во Ормутскиот теснец: Иран се закани со целосна блокада на извозот на нафта ако продолжи конфликтот со САД

    Ескалација во Ормутскиот теснец: Иран се закани со целосна блокада на извозот на нафта ако продолжи конфликтот со САД

    23.07.2026 во 09:311 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедноста на Ормутскиот теснец, кој е од клучно значење за глобалната трговија со нафта, директно зависи од присуството на американските сили во тој регион.

    Ова го изјави претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мохамад Багер Галибаф, упатувајќи директни закани додека траат тензиите со Вашингтон.

    Иран порача дека доколку не му биде овозможено да ја извезува сопствената нафта поради конфликтот со САД, ќе го спречи извозот и за сите останати земји од регионот.

    Заземајќи цврст став околу кризата во Ормутскиот теснец, Галибаф се огласи на социјалната мрежа „Х“:

    „Оваа војна не остава средина, сè е или ништо. Во овој регион, ако не можеме ние да ја продадеме нашата нафта, тогаш никој друг нема да може. Нашата безбедност е предуслов за целата регионална инфраструктура; без неа, ништо не останува безбедно.“

    Реакцијата на Техеран следи откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе уништат мост или електрана во Иран за секој напад врз брод во теснецот.

    Конфликтот меѓу САД и Иран повторно ескалираше на почетокот на јули околу контролата врз Ормутскиот теснец, откако Иран нападна неколку објекти и бродови во теснецот.

    Како одговор на тоа, американските воени сили извршуваа напади врз цели во Иран 11 ноќи по ред.

    Прочитај повеќе

    Аларм во Конго: Бројот на жртви од ебола се приближува до 1.000, за сојот „Бундибуџо“ нема одобрена вакцина

    23.07.2026 во 09:26

    (ВИДЕО) Пукање врз автобуси со аргентински навивачи по натпреварот меѓу Насионал и Тигре

    23.07.2026 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.