Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Пукање врз автобуси со аргентински навивачи по натпреварот меѓу Насионал и Тигре

    (ВИДЕО) Пукање врз автобуси со аргентински навивачи по натпреварот меѓу Насионал и Тигре

    23.07.2026 во 09:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Враќањето на навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Тигре од натпреварот во рамките на Копа Судамерикана во Уругвај беше означено со сериозен оружен инцидент.

    Автобуската колона со која патувале навивачите била цел на оружен напад во кој е ранет 57-годишен маж, а инцидентот се случил набрзо по нивното заминување од стадионот во Монтевидео.

    Иако првичните информации говореа за две повредени лица, клубот и аргентинските медиуми потврдија дека е рането едно лице, кое е погодено во раката и шаката, но се наоѓа надвор од животна опасност.

    Нападот уследил по убедливата победа на Тигре против уругвајскиот клуб Насионал со резултат 3:0 во рамките на првиот натпревар од шеснаесетфиналето.

    Колоната од петнаесетина автобуси со повеќе од 2.000 аргентински навивачи била пресретната на една од клучните раскрсници, каде што напаѓачи на мотоцикл прво ги гаѓале возилата со камења, а потоа испукале десетина куршуми.

    Ранeтиот навивач раскажа дека во моментот на пукањето бил во автобусот заедно со својата ќерка и веднаш реагирал за да ја заштити со сопственото тело:

    „Ги изгаснаа светлата во автобусот за луѓето да можат да спијат. Низ прозорецот видов блесок и веднаш сфатив дека пукаат. И кажав на ќерка ми да легне на подот, а јас се фрлив преку неа. Тогаш еден куршум ме погоди во раката, а друг ми го уништи палецот на левата шака.“

    Уругвајските медиуми изразуваат сомнеж дека зад нападот стојат хулигански групи поврзани со поразениот клуб Насионал, но сторителите сè уште не се официјално идентификувани.

    Управата на Клуб Атлетико Тигре најостро го осуди ваквиот чин на насилство, а реванш натпреварот во Аргентина веќе е прогласен за средба од висок ризик.

    🚨AHORA🚨Violento ataque en Uruguay:
    Barras de Nacional balearon el micro de hinchas de Tigre.
    Hay dos heridos trasladados a un hospital de Montevideo. pic.twitter.com/7pA1pyqCaQ

    — Nico Helber (@NNhelber) July 22, 2026
    Прочитај повеќе

    Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија

    20.09.2026 во 13:35

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.