Close Menu
Press24
    Најново

    20% повисоки плати за социјалните работници – Владата најавува нови мерки за младите

    23.07.2026 во 09:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини за труењето во Гостивар, едни правила за опозицијата, други за нивните функционери

    23.07.2026 во 09:00

    Ѓорѓиевски по страшното невреме: Градот убав пак ќе никне

    23.07.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20% повисоки плати за социјалните работници – Владата најавува нови мерки за младите
    • ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини за труењето во Гостивар, едни правила за опозицијата, други за нивните функционери
    • Ѓорѓиевски по страшното невреме: Градот убав пак ќе никне
    • СДСМ бара оставки по масовното труење во Гостивар: 22 дена граѓаните пиеле загадена вода
    • УХМР ги измери утринските температури – Горештините попуштија, од петок нова промена
    • Почина иконата на југословенскиот филм: Тито ја обожаваше, а последните денови ги живееше во тешки услови
    • Ретки оркански удари на ветер рушеа сè пред себе – УХМР со детали за невремето кое беснееше
    • Македонија се сеќава: 25 години од убиството на Македонците од Непроштено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 20% повисоки плати за социјалните работници – Владата најавува нови мерки за младите

    20% повисоки плати за социјалните работници – Владата најавува нови мерки за младите

    23.07.2026 во 09:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

    -Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани. Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем, велат тие.

    Објаснуваат дека оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа.

    -Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици. Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства, стои во партиското соопштение.

    Од партијата посочуваат дека граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини за труењето во Гостивар, едни правила за опозицијата, други за нивните функционери

    23.07.2026 во 09:00

    Ѓорѓиевски по страшното невреме: Градот убав пак ќе никне

    23.07.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.