Скопјанка на социјалната мрежа Фејсбук раскажа за брзата реакција и професионален потег на возач на ЈСП, при невремето кое вчера го зафати Скопје.
-Јас се зезав со ЈСП, ама во маката навистина се познаваат јунаците!
На Битпазар нè зафати страшно невреме – летаа парчиња од зградата директно во автобусот (65 за Раштак), дрва паѓаа на сите страни… Но, шоферот остана смирен и прибран! Не само што не однесе на сигурно во гаражата во Автокоманда, туку почека да помине најлошото и потоа нè однесе сите безбедно до дома – не нè истовари на немилост на временските непогоди.
Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК! Светот има потреба од повеќе вакви професионалци и луѓе со срце. Бaраме повеќе вакви херои!
Фала му на добриот Бог што не чува и заштитува, напиша скопјанката на Фејсбук во својот пост.
На постот има коментари и од други патници кои биле во автобусот на ЈСП.
-„Тоа што денес го доживеавме не се опишува со зборови. Му благодариме на шоферот што не врати безбедно дома”, стои во еден коментар на објавата.
-Респект, не критикувај за професија што ја немаш работено. Шоферите имаат голема одговорност, воопшто не им е лесно да возат низ градскиот метеж”, стои во друг коментар.

