Струмичкиот регион вчера повторно се соочи со силно невреме кое предизвика сериозни материјални штети, особено кај земјоделските насади.
За новите драматични кадри од теренот Кире Михаилов преку социјалните мрежи сподели видео-снимка од погодените подрачја.
На видеото се гледаат последиците од невремето кое изминатите денови зафати повеќе делови од државата.
Михаилов во својата објава ја опиша состојбата на теренот по бранот лошо време:
„Апокалиптични сцени деновиве имаме ширум цела Македонија, а видеово е од невремето кое не го одмина повторно и струмичкиот регион каде направи огромни штети на земјоделците.“

