Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Под контрола се пожарите на депонија во село Доброшинци во општина Василево и градската депонија во општина Кочани

