Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

    ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

    21.07.2026 во 17:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор.

    Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено.

    Индивидуалната вина не смее да послужи како алиби за институционалната негрижа. Затоа, ДОМ инсистира на итни системски промени:

    • Одговорност во институциите, а не само на терен: Санкционирањето на директните сторители мора да биде проследено со лоцирање на одговорноста кај надлежните служби и инспекции кои со своето непостапување или слепило го овозможиле овој пропуст.

    • Превенција наместо реакција: ​Системот за мониторинг на квалитетот на водата постои, но случајов докажува дека во пракса се прават лажни и фиктивни проверки! Системот мора да почне да спроведува вистински надзор и строги протоколи за итно информирање на граѓаните при секој можен ризик, наместо да се буди пост-фестум откако штетата е веќе направена. 

    • Рашче е следниот аларм за системот: Бараме итно решавање на опасноста од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце. Системот мора да дејствува превентивно, бидејќи заканата од шестовалентниот хром кон изворот Рашче е директна опасност за водоснабдувањето на Скопје.

    • Пропорционален систем со отворени листи: За да изградиме стручни служби кои ќе го штитат јавниот интерес, потребни се коренити политички реформи. ДОМ инсистира на воведување пропорционален изборен систем со отворени листи, со што избраните претставници ќе им одговараат директно на граѓаните, а не на партиските шефови.

    Безбедната вода за пиење е основно човеково право. Граѓаните заслужуваат систем кој ќе ги штити, наместо систем кој ги прикрива сопствените слабости зад поединечни инциденти, дополнуваат од ДОМ

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.