Close Menu
Press24
    Најново

    Падна одлука: Тројцата осомничени за водата во Гостивар одат во 30-дневен притвор во „Затвор Скопје“

    21.07.2026 во 16:55

    Историска посета во Собранието: Мурму се обрати пред пратениците и најави биста на Махатма Ганди

    21.07.2026 во 16:45

    Снаата и синот три месеци трпеле тортура – Штипјанец заработи кривична

    21.07.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Падна одлука: Тројцата осомничени за водата во Гостивар одат во 30-дневен притвор во „Затвор Скопје“
    • Историска посета во Собранието: Мурму се обрати пред пратениците и најави биста на Махатма Ганди
    • Снаата и синот три месеци трпеле тортура – Штипјанец заработи кривична
    • Масакр во Германија: Маж уби шест лица поради ќерка
    • Петровска за труењето во Гостивар: На граѓаните не им се потребни нови комисии и соопштенија дека состојбата се следи, туку конкретна акција
    • Златко Перински е именуван за директор на Фондот за здравствено осигурување
    • УХМР со најнови податоци – Еве каде е најжешко во Македонија попладнево
    • Разбојништво во Гевгелија: Мигранти нападнале и ограбиле 62-годишен жител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна одлука: Тројцата осомничени за водата во Гостивар одат во 30-дневен притвор во „Затвор Скопје“

    Падна одлука: Тројцата осомничени за водата во Гостивар одат во 30-дневен притвор во „Затвор Скопје“

    21.07.2026 во 16:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Гостивар им определи мерка притвор во траење од 30 дена на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

    Постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство, судот одлучи осомничените мерката да ја издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“.

    Судијката Драгослава Веселинова информираше дека судија на претходна постапка во целост го прифатил предлогот на ОЈО Гостивар за Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши.

    Против нив се води истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против животната средина и природата“.

    Предлогот за притвор до судот го достави јавниот обвинител Хазби Исени по спроведените истражни дејствија.

    Според образложението на судот, мерката е определена поради тежината на делото и висината на запретената казна, која предвидува најмалку четири години затвор.

    Дополнително, оценето е дека доколку осомничените се бранат од слобода, постои реален ризик од бегство, како и можност да влијаат врз сведоците кои треба да бидат сослушани.

    Со оваа одлука, тројцата осомничени остануваат во притвор додека продолжува истрагата за случајот што предизвика епидемија и загриженост кај гостиварци.

    Прочитај повеќе

    Историска посета во Собранието: Мурму се обрати пред пратениците и најави биста на Махатма Ганди

    21.07.2026 во 16:45

    Снаата и синот три месеци трпеле тортура – Штипјанец заработи кривична

    21.07.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.