Close Menu
Press24
    Најново

    Арсова: Новиот софтвер ја дигитализира социјалата, се проверуваат злоупотребите на гарантираната помош

    21.07.2026 во 13:46

    Филипче од Гостивар: Здравствените власти потфрлија, бараме итна објава на сите параметри за водата

    21.07.2026 во 13:27

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ се обединија за блокада на реформските закони

    21.07.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Арсова: Новиот софтвер ја дигитализира социјалата, се проверуваат злоупотребите на гарантираната помош
    • Филипче од Гостивар: Здравствените власти потфрлија, бараме итна објава на сите параметри за водата
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ се обединија за блокада на реформските закони
    • Експертска анализа: Технологијата за Иловица се базира на современи иконтролирани процеси
    • Царината ќе ги запленува нерегистрираните чамци и глисери на Охридското Езеро
    • Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи
    • Страшна несреќа во Кичево: Коњ удрил мало девојче – итно пренесено во Скопје
    • Утре ќе нема струја неколку часа – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Арсова: Новиот софтвер ја дигитализира социјалата, се проверуваат злоупотребите на гарантираната помош

    Арсова: Новиот софтвер ја дигитализира социјалата, се проверуваат злоупотребите на гарантираната помош

    21.07.2026 во 13:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата воведе ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, соопшти денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова.

    На денешната прес-конференција таа истакна дека новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство.

    Според Арсова, во тек е и ревизија на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош.

    Пратеничката ги изнесе деталите за затечените состојби и планираните законски измени:

    „Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. Новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа дигитализирана алатка за целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Со тоа се надминува досегашниот модел на поединечно администрирање и се воспоставува социјална политика заснована на реална проценка на потребите и ефикасна поддршка. Во тек е и преиспитување на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност. Резултатите од оваа постапка ќе покажат дали постојат пропусти во законските решенија донесени од претходната власт, како и евентуални злоупотреби, врз основа на што ќе бидат подготвени соодветни законски измени.“

    Арсова додаде дека паралелно се работи на унифициран систем за проценка на попреченоста, Законот за вработување лица со попречност и на откочување на стручните испити за воспитувачи и негуватели.

    Во однос на пензиите и заштитата на најмладите, таа ги посочи веќе реализираните проекти:

    „Еден од приоритетите на Владата уште од почетокот на мандатот беше линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери. Оваа мерка е целосно реализирана, при што пензиите се зголемени за 7.000 денари за над 330.000 пензионери. Паралелно се реализираат активности за зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови и реконструкција на постојните детски градинки. Со овие инвестиции е предвидено зголемување на капацитетот за дополнителни 3.515 деца на ниво на целата држава.“

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека реализираните мерки се доказ за посветеноста кон градење ефикасен и социјално одговорен систем.

    „Спроведените реформи и реализираните мерки се доказ за посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон создавање поефикасен, поправеден и посоцијално одговорен систем. Преку конкретни резултати и континуирани инвестиции, се поставуваат темелите за подобар животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани“, заклучи Арсова.

    Прочитај повеќе

    Филипче од Гостивар: Здравствените власти потфрлија, бараме итна објава на сите параметри за водата

    21.07.2026 во 13:27

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ се обединија за блокада на реформските закони

    21.07.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.