Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи

    21.07.2026 во 13:03

    Страшна несреќа во Кичево: Коњ удрил мало девојче – итно пренесено во Скопје

    21.07.2026 во 12:59

    Утре ќе нема струја неколку часа – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини

    21.07.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи
    • Страшна несреќа во Кичево: Коњ удрил мало девојче – итно пренесено во Скопје
    • Утре ќе нема струја неколку часа – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини
    • Николоски: Визер поставува 7-ми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа
    • (ФОТО) Се гради нова градинка во Гази Баба, инвестиција од 147 милиони денари
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
    • УХМР: Влажен бран носи краткотрајно невреме, од петок пресврт
    • Влада: Се намалува бројот на нови пациенти со симптоми на труење во Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи

    Муцунски по средбата со Мурму: Значителен исчекор за нова динамика во македонско-индиските односи

    21.07.2026 во 13:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека како дел од државната делегација учествувал на средбата со претседателката на Индија, Друпади Мурму.

    Високата гостинка од Индија престојува во дводневна официјална посета на земјава.

    На средбата биле разгледани повеќе клучни области за идна билатерална соработка и унапредување на односите.

    Муцунски преку својот официјален профил ги истакна главните теми кои биле предмет на разговор:

    „Како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска остваривме средба со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

    Разговаравме за унапредување на политичкиот дијалог, меѓуинституционалната и мултилатералната соработка, како и за можностите за продлабочување на односите во областите на економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.

    Разменивме мислења и за актуелните глобални случувања. Оваа посета претставува значаен исчекор и можност за нова динамика во македонско-индиските односи.“

    Двете страни го потврдија интересот за зајакнување на политичкиот дијалог и економските врски меѓу двете држави.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Визер поставува 7-ми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

    21.07.2026 во 12:35

    (ФОТО) Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму

    21.07.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.