Close Menu
Press24
    Најново

    Левица: Пецаков остави над 50 семејства во Охрид без пристап до своите домови

    21.07.2026 во 11:20

    Средби со државниот врв: Сиљановска-Давкова ја пречека индиската претседателка со највисоки почести

    21.07.2026 во 11:19

    Гром удри во туристка додека носела чадор за сонце – хорор на плажа во Хрватска

    21.07.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Пецаков остави над 50 семејства во Охрид без пристап до своите домови
    • Средби со државниот врв: Сиљановска-Давкова ја пречека индиската претседателка со највисоки почести
    • Гром удри во туристка додека носела чадор за сонце – хорор на плажа во Хрватска
    • Директорката на Инспекторатот: За спорниот приклучок во Гостивар немало никакво барање ниту одобрение
    • Со коњи се носеше материјал за нов објект на Пелистер – НП „Пелистер“ поставува пункт кај црквата „Св. Спас“
    • Претрес во Тетово – Уапсено едно лице
    • Засилени контроли во Гостивар: Ресторани, кафулиња, градинки и болници мора да обезбедат безбедна вода
    • Трагедија го потресе регионот: Четиригодишно момче се удави во аквапарк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Пецаков остави над 50 семејства во Охрид без пристап до своите домови

    Левица: Пецаков остави над 50 семејства во Охрид без пристап до своите домови

    21.07.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови, се неведува во соопштението од Левица. 

    „Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. Наместо прво да обезбедат пристап за жителите, власта на ДПМНЕ му овозможи на инвеститорот да започне со градежни работи и да го уништи единствениот постоечки влез до двете згради.

    Жителите од овие згради, кои реагираа до Левица, со години водат институционална битка за да им се обезбеди пристап пред започнувањето на градбата. Наместо решение, тие добиле молк од институциите и ароганција од градоначалникот. На нивните реакции, градоначалникот Пецаков цинично им порачал дека „сами се виновни што купувале станови во тие згради“. Градоначалник кој им порачува на граѓаните дека се виновни што купиле дом, наместо да обезбеди елементарни услови за живеење, покажува дека одамна престанал да работи во интерес на јавноста.

    Во исто време, и Државниот завод за ревизија и УНЕСКО констатираат дека охридскиот регион останува заробен од бесправната урбанизација, додека дивоградбите не се отстрануваат. Наместо исполнување на препораките на УНЕСКО, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски бараат нови рокови и уште шест години, иако нивниот градоначалник Пецаков веќе пет години ја има локалната власт, без ниту еден резултат во спроведувањето на препораките и без ниту една рушена дивоградба.

    Ликот на градот под УНЕСКО брутално се уништува, а Охрид е ставен под окупација на урбанистичката мафија, на чиј врв е самиот Кирил Пецаков. Градежни фирми блиски до охридскиот градоначалник го узурпираат секој јавен простор и рушат историски објекти за да никнат нови згради, затоа што криминалната матрица на оваа власт е мотивирана само од желбата за лично богатење. Овој скандал е кулминација на дивеењето на градежната мафија во Охрид, која со Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ е најзаштитена како никогаш досега“, велат од Левица.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Каква трета економија во Европа, со Мицкоски граѓаните го бројат секој денар

    21.07.2026 во 10:04

    СДСМ со реакција до власта: ВМРО ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот

    21.07.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.