Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Запалиле кабли и го загадиле воздухот – Тројца охриѓани ќе одговараат кривично
    • Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со коњи се носеше материјал за нов објект на Пелистер – НП „Пелистер“ поставува пункт кај црквата „Св. Спас“

    Со коњи се носеше материјал за нов објект на Пелистер – НП „Пелистер“ поставува пункт кај црквата „Св. Спас“

    21.07.2026 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ЈУ Национален парк „Пелистер“, со поддршка на поединци и компании, започна со изградба на нов објект за мониторинг и времен престој на посетителите на планината Баба.

    Новиот објект се гради во непосредна близина на црквата „Св. Спас“ над селото Маловишта, на надморска височина од 1.886 метри.

    Од националниот парк информираат дека деновиве и во текот на изминатиот викенд со висок интензитет се одвивале работните активности на терен.

    Транспортот на градежните материјали се одвивал во специфични услови поради непристапноста на планината.

    Првиот човек на паркот ги појасни деталите за самата градба и следните чекори на теренот:

    „Активностите се реализираа на исклучително тежок терен, под врвот Вртушка, до која за транспорт на потребните материјали и алат се користеа коњи со кои беа пренесени греди, камен и други потребни делови за објектот. За време на викендот ја подигнавме рамката на објектот, а ќе продолжиме и со другите проектирани активности, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.“

    Врвот Вртушка и црквата „Св. Спас“ важат за едни од најпосетуваните локации во рамките на НП „Пелистер“ во сите периоди од годината.

    Покрај тоа што ќе им служи за засолниште на планинарите, објектот ќе се користи и за поставување опрема за заштита на природата и мониторинг.

    Прочитај повеќе

    Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот

    19.09.2026 во 11:05

    Загина пензионер – паднал од мопед

    19.09.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.