СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се поддржат реформи во интерес на државата, тие избираат блокади и теснопартиски калкулации. Неподдржувањето на новиот Изборен законик, претставува уште една пропуштена можност Македонија да исполни значајна реформска обврска и да го продолжи позитивниот реформски процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека Владата посветено работи на спроведување на реформите и на исполнување на обврските, кои се важни за развојот на државата, СДС, Левица и ДУИ повторно се одлучија за политичка конфронтација наместо за конструктивност и одговорност. Со ваквиот потег, овие партии уште еднаш покажаа дека нивниот приоритет не е унапредување на изборниот процес, ниту интересот на граѓаните, туку создавање политички пречки и застој со цел да извлечат дневнополитички поени, а нивната вистинска политика колку полошо за Македонија, толку подобро за нив, велат од владејачката партија.
Според нив, ова не е првпат СДС, Левица и ДУИ да постапуваат на ваков начин, здружен начин, секогаш кога државниот интерес ќе се судри со нивниот личен и партиски интерес, тие го избираат партискиот интерес, без разлика на последиците за Македонија.
-Но, и покрај нивните блокади и опструкции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да спроведе девет од десетте реформи, при што останаа само измените на Изборниот законик. За ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси секогаш се пред партиските и Македонија не смее и нема да биде заложник на неодговорните политики на опозицијата, затоа останува цврсто посветена на спроведување на реформите, унапредување на институциите и обезбедување стабилност и развој, стои во партиското соопштение.

