Close Menu
Press24
    Најново

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Смртоносни поплави го погодија североисточен Авганистан – најмалку 20 загинати и стотици исчезнати

    Смртоносни поплави го погодија североисточен Авганистан – најмалку 20 загинати и стотици исчезнати

    21.07.2026 во 09:071 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 20 лица го загубија животот во силни поплави што го зафатија североисточниот дел на Авганистан, пренесува Ројтерс повикувајќи се на информации од талибанските власти.

    Бројката на жртви се очекува дополнително да расте, додека стотици луѓе сè уште се водат како исчезнати.

    Најтешко погоден е градот Парун, кој е административен центар на источната провинција Нуристан.

    Според соопштението од Националниот орган за управување со катастрофи на талибанските власти во оваа област се регистрирани и најмалку 80 повредени лица.

    Претставниците на талибанската администрација информираа дека е започната опсежна пребарувачко-спасувачка операција на теренот.

    Операциите се одвиваат во оддалечен регион кој се наоѓа во непосредна близина на авганистанско-пакистанската граница.

    Спасувачките екипи на терен стравуваат дека допрва ќе се соочат со „големи материјални и човечки загуби“, пренесува Ројтерс.

    Прочитај повеќе

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.