Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

    Владата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

    20.07.2026 во 19:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата.Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните.

    Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Владата континуирано ја следи состојбата, врши дневни анализи на движењата и останува целосно посветена на преземање навремени и активни мерки со кои ќе се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството.

    Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар.

    Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар.

    Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на горивата, при што ефектите од владината мерка ќе придонесат граѓаните и понатаму да плаќаат пониски цени отколку што би биле без оваа интервенција.

    Приоритет на Владата останува заштитата на стандардот на граѓаните, зачувувањето на економската стабилност и навременото реагирање во услови на нестабилности на меѓународните пазари. И во наредниот период внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и стопанството.

    Прочитај повеќе

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.