Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Казни до 200 евра за возење сам во лента за повеќе патници: Европа воведе паметни камери за контрола
    • Татко во Франција осуден на затвор откако се заканувал дека ќе обезглави наставничка
    • Рекордна цена на дизелот во САД: Американците плаќаат по 85 денари за литар
    • „Чувај се од мене“: Откриен мотивот за нападот во училиште во Загреб – вака започнало сè, трагедијата ја спречи чистачката
    • Дневен хороскоп: Овните ги чекаат нови можности, Близнаците со порака од минатото
    • Димитриеска-Кочоска: Добро ни оди, растеме
    • Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања
    • ВМРО-ДПМНЕ: Парите од прославата за независност се транспарентно објавени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари оствари средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје и со судиите-поротници

    Шасивари оствари средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје и со судиите-поротници

    20.07.2026 во 16:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан  остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците.

    На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во судскиот систем, обезбедувајќи активно учество на граѓаните во вршењето на судската власт и придонесувајќи за транспарентност, правичност и зајакнување на довербата во судството.

    Министерот за правда беше информиран дека во јуни 2026 година Судскиот совет доставил барање за измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници од 2018 година, со кое се предлага зголемување на висината на надоместоците.

    Во разговорите беше нагласено дека судовите се соочуваат со недостиг на судии-поротници, што претставува сериозен предизвик за непречено функционирање на судечките совети и навремено постапување по предметите.

    Министерството за правда ќе ги разгледа доставените предлози и останува посветено на изнаоѓање одржливи решенија што ќе овозможат ефикасно функционирање на судскиот систем, со соодветно вреднување на улогата и придонесот на судиите-поротници во остварувањето на правдата и владеењето на правото.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Парите од прославата за независност се транспарентно објавени

    11.09.2026 во 10:30

    Димитриеска-Кочоска: Мора да го сочуваме инвестицискиот циклус, економијата се движи по добра траекторија

    11.09.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.