Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски со лоша вест за опозицијата

    Мицкоски со лоша вест за опозицијата

    20.07.2026 во 12:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на општина Велес, истакна дека покрај надворешните предизвици, македонската економија успешно се консолидира.

    Премиерот предупреди дека воените дејства во Персискиот Залив предизвикуваат повторен раст на цените на нафтата на светските берзи, поради што Владата веднаш презема заштитни мерки.

    „Денеска, на владина седница, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел-горивата“ – рече Мицкоски.

    Шефот на извршната власт нагласи дека голем дел од капиталните инвестиции веќе почнуваат да се реализираат на терен и оти буџетот се полни над очекувањата.

    „Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ имајќи предвид дека во април градежништвото беше над 40 %, трговијата исто така е двоцифрена, имаме раст во туризмот, буквално во сите сегменти. И покрај, би рекол, предизвикувачката состојба, ќе биде тешко, но нема да очајуваме, ќе се бориме. Имаме план, сосема пристојно се полни буџетот, би рекол над нашите очекувања“ – истакна премиерот.

    Мицкоски упати остри критики кон опозицијата, отфрлајќи ги нивните најави за наводен економски колапс и нагласувајќи дека платите и пензиите ќе продолжат редовно да растат.

    „Требаше да банкротираме 2024, па не банкротиравме, па 2025… Еве повторно лоша вест за опозицијата – нема ни оваа година да банкротираме. Платите ќе се зголемуваат во рамките на колективните договори, во рамките на законот и пензиите. Сите обврски ќе се исплаќаат онака како што е предвидено со буџетот“ – потенцира премиерот.

    Тој изрази задоволство од реализацијата на капиталните проекти и ја обвини опозицијата дека креира невистини и шпекулации за дневна политика.

    „Опозицијата нè убедуваше дека во април мигранти ќе шетаат во Македонија, еве јули завршува – немаме мигранти, повторно на нивна штета, а за добро на граѓаните. Ќе мора тој фолклор и таа естрада да ја слушаме од опозицијата до следните избори кога народот повторно ќе ги порази и, конечно, ова естрадно друштво, кое е лидерство во опозицијата, претпоставувам ќе замине од политичката сцена и ќе дојдат луѓе што ќе направат една конструктивна структура, која ќе се грижи за националните интереси, ќе работи со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градење национални ставови“ – изјави Мицкоски.

    На крајот, премиерот најави почеток на неколку крупни инфраструктурни проекти кои директно ќе влијаат врз подобрувањето на животот на граѓаните.

    „Очекувам, конечно, да почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. Шест автопати во еден момент ќе се градат, еден завршуваме, така што имаме навистина голема реализација на приоритетите. И во периодот што следува, лично јас, заедно со ресорните министерства и министри и членови на Владата, ги следам овие проекти, така што добрите времиња се пред нас“ – рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.