Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Трамп: Ќе отвориме нова американска воена база во Полска
    • Во понеделник е голем празник
    • Маларијата стигна до Франкфурт – Тројца починати и осум заразени
    • Трамп пред клучна одлука за Иран: „Наскоро ќе одлучам дали да го уништам режимот или не“
    • Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Спремајте потопла облека, следната недела температурите паѓаат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар отвора нов Дневен центар за лица со попреченост

    Општина Центар отвора нов Дневен центар за лица со попреченост

    20.07.2026 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост.

    „Потпишавме договор со Здружението „Ајнштајн“ за соработка со јасно дефинирани обврски за реализација на услугата. Со оваа иницијатива правиме важен чекор кон достапна и инклузивна поддршка за децата со попреченост и нивните семејства. Нашата цел е да овозможиме континуирана стручна помош таму каде што е најпотребна, да помогнеме во интеграцијата на младите и да им дадеме квалитетна психосоцијална поддршка“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

    Според податоците од образовните и здравствените институции, голем број деца и млади со попреченост што живеат во општината немаат пристап до дневни центри ниту до стручна, индивидуализирана поддршка. Поради недостиг на специјализирани услуги, семејствата досега често биле принудени да бараат помош во приватни центри или да останат без соодветна грижа.

    Проектот предвидува адаптација на простор, набавка на опрема и формирање стручен тим, а мапирањето на корисниците ќе се спроведе во соработка со училиштата, Центарот за социјална работа и родителите. Според динамичниот план, центарот треба да биде ставен во функција на почетокот на 2027 година.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.