Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денес се слави Света Недела, светицата која ги преживеа огнот и ѕверовите во име на верата

    Денес се слави Света Недела, светицата која ги преживеа огнот и ѕверовите во име на верата

    20.07.2026 во 09:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денес го чествуваат споменот на Света маченичка Недела, која во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан настрадала поради својата христијанска вера.

    Таа била измолена со непрестајна молитва од побожните и богати старци Доротеј и Евсевија од Анадолија, кои долго време биле бездетни.

    Уште од детството таа му се посветила на Бога, а кога пораснала, ги одбила сите просци со зборовите дека сака да умре како девојка и вереница на Христос.

    Поради ова била пријавена кај царот Диоклецијан, кој најпрво ги мачел и протерал нејзините родители во Мелитина, каде што и починале.

    Света Недела била испратена на суд кај Максимијан, каде по одбивањето да се откаже од верата, била тепана со воловски жили, а потоа мачена од војводите Иларион и Аполониј.

    Според преданието, додека лежела во рани во затворот, ѝ се јавил Господ Христос кој ја исцелил и ѝ ги упатил зборовите за охрабрување.

    „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“.

    Поради нејзиното чудесно спасување од оган и ѕверови, многумина незнабожци поверувале во Христа, но сите по наредба на судиите биле заклани.

    Пред самиот крај на мачењата, Света Недела јасно му го соопштила својот цврст став на војводата Аполониј.

    „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Претеча. За мене живот е да умрам за Христа.“

    По ова, Аполониј наредил да биде погубена со меч, по што таа клекнала, се помолила за сите што ќе го слават нејзиниот спомен и Му ја предала душата на Бога пред да се спушти мечот. Таа пострадала во 289 година во Никомидија.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.