Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Интензивен ден во Собранието: На дневен ред високото образование и новите амбасадори

    Интензивен ден во Собранието: На дневен ред високото образование и новите амбасадори

    20.07.2026 во 07:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана и безбедност, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

    Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија.

    Пред членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе се најдат три законски предлози во прво читање – Предлог-законот за високото образование, Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката и Предлог-законот за научноистражувачката дејност.

    Истите два предлог-закона поврзани со високото образование ќе бидат разгледувани и на седница на Законодавно-правната комисија, исто така во прво читање.

    Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на тројца новоименувани вонредни и ополномоштени амбасадори. Илина Мангова е предложена за амбасадор во Обединетото Кралство, Стојанче Китаноски во Комонвелтот Австралија, а Линда Салиоска Иљазоска во Кралството Холандија.

    Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи надзорна расправа на тема спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, со акцент на еднаквите можности, институционалната координација и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на институциите.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.