Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има

    Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар: Сите институции се на терен, одговорност ќе има

    18.07.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата. 

    Премиерот Христијан Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар поради кој околу 1.200 луѓе побараа помош во гостиварската болница поради наводно загадена вода. Најави дека за овој случај ќе има одговорност. 

    -Имаме процес којшто го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се случи и се разбира дека ќе има одговорност. Нема така да помине случајот, рече Мицкоски.

    Вели дека е шокиран од случајот и оти не може да разбере како некои луѓе постапуваат.

    -Не можам да разберам некои луѓе како може така дрско да се однесуваат и така несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават вакви работи. Ова за мене е сѐ шокантно и со неверување е ова што некој го направил. Но ќе има одговорност, и таа одговорност нормално во рамки на судски процеси ќе треба да се контатира, рече Мицкоски.

    Три пумпи со отпадни води беа пронајдени во главниот цевковод за питка вода во Гостивар. Случајот го истражуваат и истражните органи, и Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции. 

    Прочитај повеќе

    Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

    19.09.2026 во 14:23

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.