Close Menu
Press24
    Најново

    Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД

    30.10.2026 во 19:13

    Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството

    30.10.2026 во 18:49

    Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    30.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД
    • Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
    • Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
    • Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
    • Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
    • Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
    • Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?

    Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?

    17.07.2026 во 20:503 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Чашата вода што требало да ги освежи, за стотици граѓани можеби станала причина за сериозни здравствени проблеми. За само четири дена повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош со симптоми на труење, додека сомнежите сè погласно упатуваат кон водата за пиење во Гостивар.

    Сите граѓани кои побарале лекарска помош имале речиси идентични симптоми – дијареја, повраќање, покачена температура и омалаксаност.

    Со часови Сител беше пред Инфективната клиника, каде што сведочевме како десетици граѓани пристигнуваа барајќи лекарска помош. Дел од нив, по примена инфузија, си заминуваа дома, но најголемиот дел се сомневаа дека се затруени од водата за пиење.

    Зголемениот број пациенти го потврди и директорот на Клиниката за Сител. Вели дека поради напливот на пациенти се засилени и медицинските тимови, но не откри детали за можниот извор на труењето.

    „Најголем број пациенти со овие симптоми има во Инфектологија, Детското одделение и Ургентната единица. На сите пациенти им е дадена соодветна медицинска помош и терапија“, стои во писмениот став на директорот на Општа Болница Гостивар за Сител.

    Напливот на пациенти ги натера институциите итно да реагираат. Постојат сомневања дека Јавното комунално претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито со отпадни води, преку кои вода директно се вбризгувала во главниот цевковод што го снабдува градот.

    Според првичните информации, ова било направено за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа поради недостиг на вода, со што потенцијално било загрозено здравјето на граѓаните.

    „На 16 јули околу 18:20 часот, инспектори од гостиварската полиција, по насоки на јавен обвинител, презеле итни мерки и активности во Вруток поради сомневањата за загадување на водата со која се снабдува Гостивар. Во меѓувреме, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“; изјави портпаролот на СВР Тетово. 

    Од ЈКП ги демантираат сомневањата. Велат дека уште на 24 јуни ги предупредиле граѓаните да не ја користат водата за пиење, бидејќи тој ден поставувале пумпи во рамки на проект за зголемување на притисокот во делови од Гостивар.

    Директорката тврди дека водата од отпадниот канал не била приклучена на главниот цевковод, туку била испуштана во реката Вардар.

    Но, Агенцијата за храна и ветеринарство констатирала дека пумпите биле поставени нелегално и, од безбедносни причини, донела одлука водата во Гостивар да не се користи за пиење.

    Клучни за истрагата ќе бидат микробиолошките анализи, за чии резултати се потребни околу 48 часа.

    Сител го посети и докторот кој земал мостри на терен. Тој апелира граѓаните, до добивањето на резултатите, да не ја користат водата за пиење, а доколку имаат симптоми, веднаш да побараат лекарска помош.

    Сител беше и кај изворите во Вруток, но од спорните пумпи денеска немаше ниту трага. Дали тие навистина биле причина за можна контаминација на водата и за здравствените проблеми на над илјада граѓани ќе покаже истрагата и резултатите од анализите.

    Доколку се утврди дека е сторено кривично дело, инволвираните би можеле да одговараат за „загадување на вода за пиење“, дело предвидено и казниво според член 219 од Кривичниот законик, кој предвидува парични и затворски казни, зависно од степенот на опасност и последиците по здравјето на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

    30.10.2026 во 18:46

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.