УХМР најави дека времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а попладне во делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со грмежи.
Утринската температура ќе изнесува околу 20 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.
Според УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во текот на викендот. Во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во недела, според најавите на УХМР, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура во недела ќе се движи од 13 до 22 степени, додека максималната до 40 степени.
Со оглед на топлотниот бран кој ја зафаќа Македонија, ви препорачуваме да пиете многу течности, најмногу вода. Носете лесна и светла облека. Користете капа, очила за сонце, и заштита од сонце.
Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, избегнувајте напорни физички активности на отворено.
Особено внимателни треба да бидат децата, бремените жени и постарите лица.
Топлотниот бран ќе продолжи и во текот на следната недела.

